Дома Фудбал Останато Лион ја продава ѕвездата и порача: Очекуваме сума колку што е платен Погба!

Лион ја продава ѕвездата и порача: Очекуваме сума колку што е платен Погба!

Францускиот фудбалски клуб Лион е расадник на таленти и во последните 15-ина години на европскиот фудбал му „подари“ голем број на шампиони.

Еден од оние кои наскоро би можел да стане голема фудбалска ѕвезда е 22-годишниот играч за врска Танги Ндомбеле.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За него силен интерес покажуваат голем број на европски гиганти, некои веќе понудиле 50 милиони евра за неговиот потпис, но претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола смета дека таа сума е мала.

„Добивме неколку понуди кои беа и преку 50 милиони евра. Мислам дека кога ќе се одлучиме да го продаваме ќе достинеме ниво на понуди кои го имаше и Пол Погба“, изјави Ола.

Јувентус од продажбата на Пол Погба инкасираше 105 милиони евра, па веријатно тоа е сумата која ќе ги задоволи апетитите на Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…