Дома Фудбал Лион во големи проблеми: Ставени на продажба скоро сите фудбалери!

Лион во големи проблеми: Ставени на продажба скоро сите фудбалери!

Францускиот гигант Лион треба до крајот на преодниот рок да собере уште 75 милиони евра за да избегне финансиски проблеми.

Еден од најпознатите француски медиуми „Л’Eкип“ пренесува дека Лион ги ставил на продажба скоро сите фудбалери од тимот.

„Управата на Лион испрати порака до скоро сите фудбалери дека се на продажба, ако некој за нив плати адекватна цена“, пишува „Л’Eкип“.

Лион во последните два месеци потроши 134 милиони евра и поголем дел од сумата беше од клубот и тоа е најмногу во Франција. Само во јули потрошија 34 милиони евра за договор Муса Никате од Нотингем Форест.

Минатиот лесец Лион ги убеди луѓето во Лига 1 дека ќе собере 100 милиони евра од продажба и ќе избегне санкции за финанискиот фер плеј, но немаат уште многу време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ристиќ ја отвори вратата кон Лига А: Македонија У17 останува во трката за ЕП

Македонија го победи Сан Марино со 1-0 и го обезбеди следниот квалификациски круг. Стефан …