Дома Фудбал Останато Линекер со една реченица ја опиша лудата недела во Европа, но од Челзи му имаа спремено одговор

Линекер со една реченица ја опиша лудата недела во Европа, но од Челзи му имаа спремено одговор

Поранешниот англиски фудбалер Гери Линекер е многу активен на социјалните мрежи каде што редовно има генијални објави.

Челзи вчера финалето го обезбеди на еден начин кој не е баш својствен за Англичаните. Имено, Англичаните секогаш имале проблем во пенал серијата. Репрезентацијата на Англија на СП во Русија успеа за прв пат да победи во еден пенал-рулет.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


На Челзи вчера тоа му успеа, а она што е уште поинтересно го направија тоа против германски тим, Германците се познати како мајстори за решавање на драматични ситуации, но вчера се радуваа Англичаните.

Вчерашната драма во пенал серијата дојде шалг на тортата после двете спектакуларни вечери во Лигата на шампионите во кои големи пресврти направија екипите на Ливерпул и Тотенхем.

Финале на помирен начин обезбеди само Арсенал кој во двата натпревари ја победи Валенсија.

Гери Линекер оваа луда недела во фудбалска Европа ја опиша во една реченица.

„Оваа недела е толку неверојатна што англиски тим успеа да победи Германци на пенали. Честитки за Челзи“, гласеше пораката на Линкер преку неговиот Твитер профил.

Меѓуто од Челзи го потсети и на победата на „сините“ на пенали против Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…