Дома Фудбал Останато Линекер влезе во судир со новинарот кој го расплака Роналдо: Не е подобар затоа што имаше интервју со него!

Линекер влезе во судир со новинарот кој го расплака Роналдо: Не е подобар затоа што имаше интервју со него!

Лионел Меси вчера ја освои престижната награда на ФИФА за најдобар во годината и тоа предизвика многу полемика во фудбалскиот свет.

Многумина сметаа дека Меси незаслужено ја доби наградата покрај Ван Дајк, додека некои го поддржуваа и Роналдо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Полемика на оваа тема се отвори и на друштвените мрежи. Вниманието на јавноста го привлекоа и Гери Линекер и Пиерс Морган. Пред неколку дена Морган направи едно одлично видео со Роналдо во кое Португалецот дури се расплакува и за него тој е најдобар играч.

Морган после вчерашната церемонија порача дека Роналдо имал подобра година од Меси, но со него не се согласи легендарниот Гери Линекер.

„Во 2019 година. Еден играч освои две титули со клубот и една со репрезентацијата. Стана првиот играч со 100 победи и 125 голови во Лигата на шампионите. Прв играч кој официјално постигна 700 голови и прв кој во својата колекција има титули од Премиер лига, Ла Лига и Серија А. Зарем тоа не е Лионел Меси тој кој ја осви наградата на ФИФА?“, порача Морган.

На неговиот твит следуваше одговор од Линекер.

„Држи се до било што освен фудбалот. Роналдо е фантастичен играч, но бројките на Меси оваа година се супериорни. Неговата игра беше на друго ниво. И тој освои двојна круна. Тоа што имаше интервју со него (Роналдо) не го прави подобар“, гласеше одговорот на Линекер.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…