Џеси Лингард е на излезна врата од Манчестер Јунајтед, а неколку европски клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Според последните информации најсилен интерес за Лингард покажува Тотенхем, кој сака уште во јануари да го донесе во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Антонио Конте не е задоволен од Деле Али и Ло Селсо, па сака да го донесе Лингард бидејќи смета дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.
Лингард одбил да стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед и на лето ќе биде слободен агент.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да заработат на неговото заминување и се спремни уште во јануари да слушнат понуди за Англичанецот.
Лингард „експлодираше“ минатиот јануари кога се пресели во Вест Хем на позајмица, а Тотенхем е спремен да понуди 10 милиони фунти за неговиот потпис.