Дома Фудбал Англија Лидс издоминира: Челзи шокиран на „Еланд Роуд“ 🎥

Лидс издоминира: Челзи шокиран на „Еланд Роуд“ 🎥

Eкипата на Челзи денес доживеа шокантен пораз на гостински терен од Лидс.

Иако „сините“ важеа за фаворит во овој дуел сепак, Лидс доминираше и заслужено дојде до победата. Натпреварот го отвори Аронсон со голот после половина час игра, а само четири минути подоцна Родриго се погрижи за 2:0. Челзи во првото полувреме испрати само еден удар во рамките од голот на домаќините.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидс во второто полувреме го намали темпото, но повторно Челзи не создаваше многу прилики за гол. Во 70.минута Харисон и Родриго ги сменија улогите, па сега Родриго беше асистент, а Харисон стрелаше за веќе убедливи 3:0.

Тука веќе стана јасно каде одат бодовите од овој натпревар, дополнителен проблем за тимот на Тухел е црвениот картон кој Кулибали го доби во последните минути од натпреварот.

За Лидс ова беше втора победа во првите три натпревари, а еден натпревар одиграа нерешено. Од друга страна Челзи остана на четири бода по три кола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…