Дома Фудбал Лига на шампиони Лига на шампиони: Реал против Челзи, Баерн и Ливерпул поминаа најдобро

Лига на шампиони: Реал против Челзи, Баерн и Ливерпул поминаа најдобро

Попладнево во седиштето на УЕФА, во Нион беше одржан ждребот за четвртфиналето и полуфиналето од Лигата на шампиони.

Ждребот донесе многу возбудливи дуели, а најинтересно секако ќе биде на дуелот помеѓу Челзи и Реал Мадрид

¼ финални парови:

Челзи – Реал Мадрид

Манчестер Сити – Атлетико Мадрид

Виљареал – Баерн Минхен

Бенфика – Ливерпул

Во полуфиналето победникот од Челзи – Реал Мадрид ќе се сретне со победникот од дуелот Манчестер Сити – Атлетико Мадрид. Победникот од дуелот Виљареал – Баерн Минхен ќе игра со подобриот од Бенфика – Ливерпул.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 4/5 април, а реваншите се на 12/13 април. Финалето во Лигата на шампиони ќе се одигра во Париз на 28 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Зидан го пофали Лукас Да Куња за играта во средината на теренот

Зинедин Зидан изрази задоволство од настапите на Лукас Да Куња за Франција во Лигата на на…