Дома Фудбал Лига на шампиони Лига на шампиони: Адеми и Динамо против Ференцварош

Лига на шампиони: Адеми и Динамо против Ференцварош

Точно на пладне се одржа жрепката за третото коло од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите.

Динамо Загреб каде настапува нашиот репрезентативец Аријан Адеми ќе му гостува на шампионот на Унгарија, Ференцварош.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Белградска Црвена Звезда ќе гостува во Никозија и ќе се соочи со Омонија, Митјиланд е домаќин на Јанг Бојс, а во останатите два меча за место во следната рунда ќе се борат Карабах – Молде и Макаби Тел Авив – Динамо Брест.

Во квалификациите за настап во шампионската лига во која се натпреваруваат тимовите од земјите со повисок рејтинг, ПАОК за противник ја доби Бенфика, киевски Динамо ќе игра против АЗ Алклмар, а Гент ќе се сретне со Рапид Виена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поради политички скандал откажано полуфинале: На Мароканците им се одземаа дресовите, немаа со што да играат

Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските …