Дома Фудбал Репрезентации Лига на нации: Роналдо и дружината во поход на нов трофеј

Лига на нации: Роналдо и дружината во поход на нов трофеј

Многу лесно може да се види зошто Португалија е главен фаворит за победа во финалето на Лигата на Нации. Прво, тие имаат домашна предност и второ, се чини дека имаат далеку поголемо искуство од вакви елиминациски натпревари од своите противници, Швајцарија. Ние се слагаме дека Португалија е фаворит против Швајцарија, но не се слагаме со букмејкерите околу фаворитската улога на турнирот.

Тешко е да се победи Португалија кога игра дома

Сепак, иако се слагам дека тие се фаворити во полуфиналето, неможам да се сложам со букмејкерите дека се глави фаворити за титулата, покрај селекциите на Холандија и Англија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Овој натпревар ќе се одигра во Порто, а португалија во тој град е одлична. Впрочем португалците на домашен терен имаат само еден пораз во последните 15 натпревари и тоа од Холандија пред речиси година и половина. Но тие и понатаму остануваат тим со недостаток на стил и често имаат проблем да најдат мотив и желба против условно кажано послабите земји. Само погледнете како ја започнаа нивната квалификациска кампања за пласман на ЕУРО 2020, со две нерешени средби на домашен терен против Украина и Србија. Впрочем, Португалија има четири нерешени средби по ред.

Фернандо Сантос има многу талентирани фудбалери на располагање, вклучувајќи го и најдобриот Кристијано Роналдо па јасно е дека токму од него ќе зависат многу нешта на теренот против Швајцарија.

Швајцарија има неочекувани порази, но и импресивни победи

Швајцарија ја намачи Португалија во предходните квалификации. Долго време швајцарците беа лидери во квалификациската група, но во последното коло загубија од Португалија со 2:0 и мораа да играат бараж. На првиот меч пак во Цирих, домаќинот славеше со 2:0. Мораме да имаме на ум дека секогаш е тешко да играш против швајцарци, кои се покажаа како тврдоглави противници. За ралика од Португалија, Швајцарија има неколку тешки порази во изминатиот период. Но во изминатите 12 месеци тие победија селекции како Белгија и Србија, а одиграа нерешено со Бразил и Шпанија.

Шаќири е одличен, а Сеферовиќ има дополнителен мотив

Во Џердан Шаќири имаат адут што може да предизвика проблеми кај противникот. Тој долго време се сметаше за единствен човек кој создава шанси и постигнува голови ви селекцијата, но во последниот период швајцарците најдоа други опции во нападот. На последните мечеви се гледа дека Шаќири е растеретен, послободен, а тоа е дополнителна предност за тимот.

Харис Сеферовиќ сигурно ќе биде голем адут на овој меч. Тој постигна пет од последните 14 голови на репрезентацијата. Тој ужива во прекрасната сезона со португалскиот шампион Бенфика, постигнувајќи 23 гола во 29 лигашки натпревари и сигурно ќе биде многу мотивиран да игра во домот на еден од најголемите ривали на неговиот клуб.

По победата која силно одекна во светот на фудбалот, онаа победа од 5:2 против силната Белгија, швајцарците не заслужуваат да бидат отпишани, особено ако се затвори барем малку против домашниот тим кој честопати не успева да игра против така поставени селекции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …