Дома Фудбал Репрезентации Лига на Нации: Енрике дебитираше со победа на „Вембли“, судирот на Лук Шо го обележи дербито (видео)

Лига на Нации: Енрике дебитираше со победа на „Вембли“, судирот на Лук Шо го обележи дербито (видео)

Луис Енрике вечерва дебитираше со победа на клупата на шпанската репрезентација и тоа против Англичаните на „Вембли“ (1:2)

Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англија стигна до предност уште во 11-та минута, а стрелец на голот беше Маркус Рашфорд. Сепак, само две минути подоцна Шпанците стигнаа до изедначување преку Саул.

Се играше 32 минута кога Шпанците стигнаа до пресврт. После центаршутот од левата страна, Родриго остана заборавен во казнетиот простор, а напаѓачот на Валенсија не пропушти прилика да го матира Пикфорд за 2:1 за Шпанците.

На стартот на вториот дел видовме и несакани сцени. Малериозниот Лук Шо мораше да го напушти теренот после еден жесток судир, а него го замени Дени Роуз.

Поради прекинот за укажување помош на Шо и останатите прекини натпреварот беше продолжен дури девет минути. Во тој период Англичаните стигнаа до погодок, но главниот арбитар го поништи нивниог гол поради наводен прекршок над Де Геа.

Претходно од истата Лига А, Швајцарија го совлада Исланд со убедливи 6:0.

Во рамките од Лига Б Босна ја победи Северна Ирска со 1:2.

Финска и Грција беа подобри со по 1:0 од Унгарија, односно Естонија во Ц лигата.

Во нашата Д лига, Белорусија со 5:0 славеше над Сан Марино, додека Луксембург со 4:0 беше подобар од Молдавија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…