Дома Фудбал Лига на шампиони Лигата на шампионите по 20 години за првпат без Роналдо и Меси, а последен пат во ваков формат

Лигата на шампионите по 20 години за првпат без Роналдо и Меси, а последен пат во ваков формат

Денес започнува новата сезона во Лигата на шампионите, а за првпат по две децении дел од најелитното европско натпреварување нема да бидат Кристијано Роналдо и Лионел Меси, но исто така ова е и последна сезона која ќе ја гледаме во ваков формат.

Термините за натпреварите се истите, 18:45 и 21:00 часот. За првпат по цели 20 години во неа нема да учествуваат ниту Меси кој се пресели во Интер Мајами, ниту Роналдо кој игра во Ал Наср од Саудиска Арабија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефинитивно Роналдо и Меси многу придонесоа за квалитетот на натпреварувањето, поставија многу рекорди, но елитен фудбал ќе се игра и без нив.

Првите натпревари кои се играат се Милан – Њукасл и Јанг Бојс – Лајпциг од 18:45 часот. Дербито на првото коло го играат Баерн и Манчестер Јунајтед утре во Минхен, додека Елмас со Наполи утре ќе игра против Брага.

Форматот низ годините се менувал, но годинашново издание ќе биде последно во форматот кој функционира 30-тина години.

Од наредната сезона во Лигата на шампионите ќе настапуваат по 36 екипи поделени во шест групи и со загарантирани 10 натпревари за секоја екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…