Дома Фудбал Англија Ливерпул ќе мора да плати уште 8,5 милиони за Нуњес

Ливерпул ќе мора да плати уште 8,5 милиони за Нуњес

Дарвин Нуњес ја игра втората сезона во дресот на Ливерпул, а сега се активираше клаузула според која „црвените“ ќе мора да доплатат за неговиот трансфер.

 Ливерпул за купување на Нуњес и плати на Бенфика 64 милиони фунти, но во договорот постојат неколку клаузули, па со одредени бонуси тој трансфер може да достигне и до 85 милиони фунти.

Натпреварот против Сити во саботата беше 60-ти за Нуњез во дресот на Ливерпул и со него ја „активираше“ клаузулата според која Бенфика треба да добие дополнителни 8,5 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона на праг да го доведе Габриел Жезус

Барселона е многу блиску до ангажирање на Габриел Жезус (29) од Арсенал. Според информации…