Дома Трансфер зона Ливерпул ја плати откупната клаузула, пристигнува ѕвездата на Лајпциг

Ливерпул ја плати откупната клаузула, пристигнува ѕвездата на Лајпциг

Ливерпул го комплетираше трансферот на дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате и се очекува само официјализација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француските медиуми пренесуваат дека Конате веќе ги минал лекарските прегледи и ставил потпис на 5-годишен договор.

Според англиските медиуми Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула за 21-годишниот Французин, која изнесува 35 милиони евра.

Клоп беше во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.

Конате одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Ливерпул ја победи конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…