Дома Топ вести Ливерпул ја одреди цената за Кутињо

Ливерпул ја одреди цената за Кутињо

Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона е заинтересиран за услугите на Филипе Кутињо, а денес медиумите на Острвот пишуваат дека „црвените“ ја одредиле неговата цена.

Кутињо оваа сезона игра во извонредна форма и е најдобар поединец во Ливерпул и во Премиер лигата, но и самиот нема ништо против да ја промени средината на крајот на сезоната.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Раководството на „црвените“ ќе му дозволи на Бразилецот да замине од „Енфилд“, но само доколку некој клуб понуди 75 милиони евра.

Медиумите тврдат дека ПСЖ е спремен веднаш да ја плати таа сума, но треба да се избори со конкуренцијата од Барселона. Притоа самиот Кутињо има желба да заигра на „Камп Ноу“.

Во секој случај Кутињо следното лето ќе биде жешка трансфер тема и многу клубови ќе се тепаат з неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дочека: Вечерва во Јувентус се враќа Фаџоли!

За вечерашниот натпревар на Јувентус против Болоња за настап ќе конкурира и Николо Фаџоли …