Иднината на Кутињо на „Енфилд“ е неизвесна, Бразилецот побара трансфер во Барселона, па само прашање на време е кога тој ќе се реализира.
Англиските медиуми вчера пренесоа дека Кутињо и Ливерпил имаат договор Бразилецот да остане на „Енфилд“ до крајот на сезоната, за „црвените“ да можат да најдат адекватна замена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според последните информации од Островот, раководството на Ливерпул ја сака ѕвездата на Монако и француската репрезентација, Томас Лемар бидејќи смета дека ќе биде идеална замена за Бразилецот.
„Екип“ тврди дека Јирген Клоп веќе спремил понуда од 80 милиони фунти за Французинот која со додатни бонуси може да се достигне до 90 милиони фунти.
За Лемар силен интерес покажуваат уште Барселона, Челзи и Пари Сен Жермен, а Арсенал во последните денови од летниот преоден рок за неговиот потпис понуди 90 милиони евра.