Дома Фудбал Англија Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул шест недели без Матип

Ливерпул ќе биде без дефанзивецот Жоел Матип во наредните шест недели, соопштија англиските медиуми.

Матип има проблем со коленото, што се покажа поголем од очекуваното. Тој во последните пет меча играше само во дербито со Манчестер Јунајтед, но сега повторно ќе мора да се рехабилитира.

Матип дури беше дел и од последниот тренинг на „црвените“, но после тоа почуствувал болка во коленото, па последните инфомации се дека ќе отсуствува цели шест недели.

Тоа значи дека дефанзивецот ќе пропушти цели 10 меча, вклучително и дербито со Манчестер Сити, како и сите останати дуели од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потпишани се документите со кои Доминик Ливаковиќ го направи трансферот на животот!

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Веќе се потпишани сите докуме…