Дома Фудбал Англија Ливерпул треба да му плати рекордна компензација на Фулам

Ливерпул треба да му плати рекордна компензација на Фулам

Судот кој требаше да го реши спорот помеѓу Ливерпул и Фулам за трансферор на Харви Елиот во 2019 година, пресуди дека Ливерпул треба да плати компензација, која е рекордна за фудбалер на негова возраст.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според англиските медиуми сумата може да достигне до 4,5 милиони фунти. Меѓутоа, голем дел од таа сума е поврзана со различни клаузули кои зависат од натпреварите на Елиот во иднина. Фулам исто така ќе добие и 20% од неговата следна продажба.

Во моментов сигурно е дека Ливерпул ќе плати 1,7 милиони фунти веднаш. Елиот на 16-годишна возраст се пресели на „Енфилд“ како слободен играч, но Фулам бараше компензација од 8 милиони евра и го тужеше Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Денес игра на Светското првенство, а „утре“ оди на суд поради стравични обвинувања!

Мароканскиот фудбалер Ашраф Хакими ќе треба да излезе пред судот во Франција поради обвину…