Дома Фудбал Англија Ливерпул тргнува по младата ѕвезда на Фиорентина

Ливерпул тргнува по младата ѕвезда на Фиорентина

Ливерпул ова лето сака да ги освежи своите редови со ангажирање на фудбалерот на Фиорентина Федерико Киеза.

Овој крилен фудбалер во редовите на Виола оваа сезона игра одлично, па во 34 одиграни натпревари постигна 12 погодоци и запиша четири асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според пишувањата на италијанските медиуми Црвените се на план да донесат неколку квалитетни играчи на повеќе позиции во екипата.

Киеза, кој повеќе од времето игра на позиција десно крило веројатно би се користел како замена за Мохамед Салах.

Сепак, сигурно е дека Фиорентина нема така лесно да се откаже од овој фудбалер, за кој интерес покажува и Јувентус. Според италијанските клубот од Фиренца за играчот ќе бара околу 70 милиони евра.

Овој млад 21-годишен фудбалер досегашната своја кариера ја помина во Фиорентина, за кој клуб настапи на 103 натпревари во сите натпреварувања. Исто така, настапуваше и за младинските категории на Италија, а за А селекцијата одигра 11 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…