Божиќ ќе дојде рано за навивачите во Премиерлигата кога шампионот ќе биде домаќин на лидерот Тотенхем на „Енфилд“ во среда вечерта. Двете екипи се разделени со само гол разлика, со ист број на бодови, но ќе се обидат да се вратат на победите ремијата изминатиот викенд и тоа со идентични 1:1.
Победникот ќе биде поблиску до целта
Ливерпул и Спарс имаат идентичен скор од седум победи, четири нерешени натпревари и еден пораз во досегашниот дел од сезоната, а исто така имаат идентична форма со две победи на домашен терен и две ремија на гости од последните четири натпревари во лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот во среда исто така ќе ни донесе сујдир меѓу најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата до сега. Воедно, ова е меч меѓу најдобрата домашна екипа сезонава против еден од најдобрите тимови на гости оваа сезона.
Има многу совршено подготвени и привлечни елементи во овој меч, но и покрај тоа, Ливерпул е тој што ќе влезе во него како фаворит најмногу поради домашниот терен.
Ливерпул сака да ја продолжи серијата на домашен терен
Удобните победи над Лестер Сити и Вулверхемптон на последните два натпревари во Лигата на „Енфилд“ значат дека тие сега имаат освоено 31 од последните 32 домашни натпревари, земајќи неверојатни 94 поени од понудените 96 во тоа време, а постигнаа и неверојатни 93 погодоци во овој период.
Серијата без пораз сега се протега на 65 натпревари, но во среда ќе се соочат со екипата на Тотенхем, која е полна со самодоверба и верува дека тие се екипата која би можела да ја заврши таа серија на Ливерпул.
Колку и да е империозен тој рекорд на домашен терен, Ливерпул се уште ги има своите проблеми оваа сезона – не само во повредите на дури девет фудбалери.
Неделното реми на Фулам од 1:1 воедно беше петти последователен натпревар на гостински терен во Премиер лигата, кој Ливерпул не успеа да го добие, што значи дека веќе паднаа за 11 поени оваа сезона.
На „црвените“ им требаше 35 натпревари минатата сезона да го испуштат 11-от поен, губејќи само 15 во целата сезона.
Несомнено е дека нивната форма падна откако се закитија со титулата, но ова е сезона како ниедна друга и имајќи ги предвид проблемите со повредите, Јирген Клоп можеби е задоволен што го дели врвот на табелата со Тотенхем.
Тотенхем е импресивен
Нерешениот резултат 1:1 во Кристал Палас во неделата донекаде ги наруши надежите за титулата, но сепак постои силно верување меѓу приврзаниците дека ова може да биде годината кога тие ќе го завршат 60-годишното чекање за да бидат крунисани како шампиони.
И за тоа постои добра причина – Спарс веќе ги совлада Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал оваа сезона, а освоија добар бод на гостувањето кај Челзи.
Да се стави крај на долгиот рекорд на домашен терен без пораз на Ливерпул, ќе биде најголемата најава за нивните квалификации за титулата сезонава.
Спарс нема пораз на последните девет натпревари на гостински терен – нивната најдолга серија од април 2018 година.
Наш предлог:
Двете екипи да постигнат гол @ 1.62 во 1хBet
Прво полувреме да заврши нерешено @ 2.35 во 1хBet