Ливерпул е заинтересиран да го доведе играчот кој блесна на Европското првенство во Германија.
Како што пишуваат странските медиуми, „црвените“ покажале интерес за напаѓачот на Атлетик Никo Вилијамс за кого се подготвени да ja платат откупнаta клаузула од 58 милиони евра.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Покрај Ливерпул, за неговите услуги се заинтересирани уште Челзи и Барселона. Билбао би сакал да го задржи Вилијамс уште една сезона, но информациите од Шпанија наведуваат дека финансиската понуда ќе му отежне на шпанскиот клуб да го задржи во своите редови.
Овој 21-годишен играч минатата сезона одигра 37 натпревари во сите натпреварувања за Атлетик и постигна осум гола додавајќи 19 асистенции. За шпанската репрезентација постигна три гола на 17 натпревари.
Во случај Ливерпул да успее да го доведе Вилијамс тоа би значело веројатно заминување на Луис Дијаз кој претходно се поврзуваше со Барселона и Пари Сен Жермен.