Ливерпул денес во рамките од 15. коло во Премиер лигата запиша победа против Евертон од 4:2.
Клоп иако го започна натпреварот со изменет состав сепак од самиот старт Ливерпул започна да напаѓа. Ориги после шест минути игра погоди за водство, а Шаќири десетина минути подоцна зголеми на 2:0. И покрај тоа што Ливерпул поведе со 2:0 Евертон не се откажуваше и четири минута преку Моис Кин „карамелите“ намалија на 2:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Возбудувањата продолжија во 31. минута. Ориги го постигна својот втор гол на натпреварот за веќе 3:1. Садио Мане во 45. Стрела за убедливи 4:1. Евертон преку Ричарлисон во последните моменти од првото полувреме ја затресе мрежата на Адриан за 4:2.
Второто полувреме беше многу помалку возбудливо. Видовме само еден гол и тоа во финишот од натпреварот кога Ванијалдум погоди за конечни 5:2.
Ливерпул со оваа победа остана на предност од осум бода во однос на второпласираниот Лестер и дури 11 бода повеќе Манчестер Сити.