Дома Трансфер зона Ливерпул со парите од Кутињо доведува засилување за 75 милиони евра и тоа од Барса!?

Ливерпул со парите од Кутињо доведува засилување за 75 милиони евра и тоа од Барса!?

Додека вниманието на фудбалската јавност е насочено кон трансферот на Фелипе Кутињо од Ливерпул во Барселона, наскоро би можеле да видиме уште една зделка на релација „Камп Ноу“ – „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул неодамна потроши 84 милиони евра на доведување на Вирџил Ван Дијк од Саутемптон, а во текот на овој месец „црвените“ би можеле да направат уште еден скап трансфер.

Според медиумите во Англија, Јирген Клоп е спремен да ја плати откупната клазула на фудбалерот на Барселона Рафиња Алкантара која изнесува 75 милиони евра.

Заминувањето на Алкантара би можело да биде и последица на пристигнувањето на Фелипе Кутињо во Барселона.

Рафиња во текот на оваа сезона не запиша ниту еден настап за Барселона, а причина за тоа се повредите.\

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…