Денес беа одиграни три натпревари во 23. коло од англиската Премиер лига.
Ливерпул продолжи да го „брка“ Манчестер Сити и го совлада Кристал Палас со 1:3. „Црвените“ поведоа со голот на Ван Дајк во осмата минута, а после половина час игра Чембрлејн зголеми на 0:2. Едуард во второто полувреме намали на 1:2 и ја врати надежта на домаќините. Сепак, Ливерпул не дозволи изиенадување и Фабињо во финишот ги постави конечните 3:1.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кикс на домашен терен направи Арсенал кој ремизираше без голови против фенерџијата Барнли.
Брајтон продолжи со одличните игри сезонава и ремизираше на гости кај Лестер (1:1). За Брајтон ова беше дури 12-ти натпревар без победник оваа сезона.
Последниот натпревар од денешната програма од 23. коло го играат Челзи и Тотенхем од 17:30 часот.