Според најавите на медиумите Садио Мане утре ќе пристигне во Минхен на лекарски прегледи и потпис со Баерн Минхен.
Мане многу веројатно ќе биде најголемото засилување ова лето за Баерн. Оваа одлука на Мане секако е изненадување за фановите на Ливерпул. Неколку клубови покажаа интерес за Сенегалецот меѓутоа Баерн беше најконкретен. Како негова замена на „Енфилд“ беше доведен Дарвин Нуњез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од трансферот на Мане Ливерпул ќе заработи 32 милиони евра, а можат да добијат и дополнителни шест преку бонуси.
Од тие бонуси три се реални, а три баш и не изгледаат така во овој момент. Имено половина од тие шест милиони Ливепул ќе добие ако Баерн ги освои следните три првенства во гермнскиот шампионат, додека вторите три ако Мане освои три златни топки.