Ливерпул е последниот клуб кој се вклучи во битката за потписот на Мануел Локатели, пренесуваат италијанските медиуми.
Локатели игра одлично за Сасуоло, а блесна и на ЕУРО, па неколку европски гиганти го сакаат во своите редови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Јувентус важи за фаворит за неговиот потпис, но не може да најде заеднички јазик со Сасуоло околу обештетувањето.
Таквата ситуација сака да ја искористи Ливерпул, кој веќе стапил во контакт со агентот на Италијанецот.
Јувентус веќе подолго време преговара со Сасуоло за трансферот на Локатели, но не сака да понуди повеќе од 30 милиони евра, додека клубот бара 40 милиони евра.
Ливерпул е спремен да ја плати таа сума, но треба да го убеди играчот бидејќи преферира преселба во Јувентус.