Дома Фудбал Англија Ливерпул сепак имал среќа: Салах не бил прв избор на Јирген Клоп

Ливерпул сепак имал среќа: Салах не бил прв избор на Јирген Клоп

Мохамед Салах е вистинска сензација оваа сезона во англиската Премиер лига. Еѓипќанецот во фантастично светло се претстави пред навивачите на Ливерпул, каде минатото лето пристигна од Рома.

Сепак, да се прашуваше Јирген Клоп, Салах воопшто не требаше да пристигне на Енфилд.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Претходното лето, германскиот стручњак сакаше да го засили нападот на Ливерпул, но во мислите не му беше Салах како ново засилување.

Имено, Тајмс откри дека најголемата желба на Клоп минатото лето била неговиот сонародник Јулиан Брандт, но Ливерпул не успеа да го реализира трансферот на крилниот напаѓач на Леверкузен, па одлучиле да побараат друго решение.

Тоа “друго“ решение се покажа како полн погодок. Ливерпул тргна по Мохамед Салах, кој не блескаше во својата прва сезона во Премиер лигата, во дресот на Челси, но одлучиле да му дадат нова шанса да заигра на Островот.

Ѕвездите овој пат се поклопиле и за Салах и за Ливерпул, а фантастичниот Египќанин во тековната премиерлигашка сезона веќе има постигнато 28 погодоци и 10 асистенции.

И 21-годишниот Брандт е, секако, одличен фудбалер, но 36. голови за Салах во 41 настап за Ливерпул во сите натпреварувања доволно зборува колку на Енфилд имале среќа што пропаднал трансферот на фудбалерот од Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Го одби Ливерпул за да дојде во Јувентус и сега прави чуда!

Карло Алберто Белони, агентот на голманот на Јувентус, Микеле Де Грегорио, истакна дека ов…