Дома Трансфер зона Ливерпул сака две ѕвезди на Челзи

Ливерпул сака две ѕвезди на Челзи

Ливерпул е силно заинтересиран за двајцата играчи на Челзи, Конор Галагер и Мејсон Маунт.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Примарна цел на Ливерул на лето ќе биде засилување на средниот ред, а Клоп состави листа од неколку фудбалери.

Маунт одби да го продолжи договорот со Челзи и на лето ќе биде продаде, а Ливерпил за неговиот потпис ќе има голема конкуренција. За англискиот репрезентативец интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.

23-годишниот Галагер оваа сезона добива голема минутажа во Челзи и покажува одлични партии. Меѓутоа, неговата иднина ќе зависи од новиот тренер и од конкуренцијата која ќе ја има во Челзи.

Челзи не исклучува продажба на Галагер доколку пристигне добра понуда, а Ливерпул е спремен да понуди 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…