Дома Топ вести Ливерпул сака да ја „украде“ ѕвездата на Барселона

Ливерпул сака да ја „украде“ ѕвездата на Барселона

Шпанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за 17-годишниот талент на Барселона, Гави и сака да го донесе на „Енфилд“.

Актуелниот договор на Гави истекува во јуни 2023 година, а во него има откупна клаузула од „само“ 50 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Гави блесна оваа сезона и со своите настапи ја импресионираше цела Европа, па на 17 години веќе е стандарден член на шпанската репрезентација.

Барселона веќе започна преговори за продлжување на соработката, но преговорите не одат во добра насока, па многу европски гиганти сакаат да ја искористат таквата ситуација.

Ливерпул ќе се обиде да го „украде“ Гави и да ја плати откупната клаузула. но конечната одлука сепак ќе биде на самиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…