Дома Трансфер зона Ливерпул прифати да плати 40 милиони – Салах на чекор од Енфилд

Ливерпул прифати да плати 40 милиони – Салах на чекор од Енфилд

„Црвените“ го добиваат најголемото засилување, кое претходното го пропуштија поради Мурињо.

Ливерпул е на чекор од најголемото засилување ова лето. Последните информации се дека клубот прифатил да им плати на Рома 40 милиони евра за Мухамед Салах.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ексклузивни вести денеска откри еден арапски новинар кој е близок пријател на Салах. Тој на Твитер објави дека договорот е постигнат и дека Салах за 40 милиони евра се сели на „Енфилд“. Пред тоа, „Црвените“ се обидеа со понуда од 32 милиони евра плус 2 милиони бонуси, но Рома тоа го одби и бараше 45 милиони евра. Ризикот им се исплатеше на Рома и успеа да извлече поголема сума на пари за Египѓанецот. Уште од порано, Јирген Клоп во телефонски разговор го убеди Салах и постигнаа договор за личните услови. Салах ќе заработува околку 5 милиони евра по сезона за време на четиригодишниот договор.

Изгледа дека трансферот на Салах во Ливерпул е судбински наменет. Пред три и пол години се имаа договорено, но трансферот пропадна во последен момент. Ливерпул во јануари 2014. година го договори Салах од Базел, останаа само лекарските прегледи, но тој го промени мислењето. Жозе Мурињо во последен момент го убеди Салах да се пресели во Челзи. Подоцна тоа испадна како лош потег за двете страни и Салах по една година си замина во Фиорентина, од каде што се пресели во Рома.

Добрите игри во Рома поторно го поттикна интересот на Ливерпул и по многу повисока цена, конечно, ќе се пресли на „Енфилд“. Ова е добра вест и за Рома, бидејќи италијанскиот клуб е во финансиски проблеми и мора да продаде еден од најдобрите играчи поради финансискиот фер-плеј. Со парите од Салах, ситуацијата ќе биде многу полесна. Сега ќе можат да го задржат Наинголан и да му ја зголемат платата, а имаат и повеќе простор за преговори за Рудигер или Манолас да инвестираат повеќе пари.

Рома веќе бара замена за Салах, а опциите се Џердан Шаќири, Доменико Беради и Папу Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи се засилува со „џин“ во одбраната

Челзи е еден од заинтересираните тимови за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …