Дома Трансфер зона Ливерпул преговара со талентот на Спортинг Лисабон

Ливерпул преговара со талентот на Спортинг Лисабон

Португалскиот „Рекорд“ пренесува вест дека Ливерпул покажал интерес за младиот фудбалер на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш.

„Рекорд“ тврди дека Ливерпул веќе го контактирал агентот на Мендеш. Агентот на играчот Мигел Пињо за интересот на Ливерпул го известил Спортинг, а од клубот добил јасен одговор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мендеш во неговиот договор има откупна клазула од 45 милиони евра и кој ќе сака да го доведе ќе мора да ја плати таа сума.

18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Араухо станува најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот?

Eкипата на Барселона наводно е подготвена да го продаде стоперот Роналд Араухо (25), објав…