Дома Фудбал Ливерпул порача: Салах не е на продажба!

Ливерпул порача: Салах не е на продажба!

Откако почнаа шпекулации околу наводен интерес на Јувентус за услугите на Мохамед Салах, управата на Ливерпул порача дека тој не е на продажба.

Јувентус, според италијанските медиуми е спремен да понуди 175 милиони евра за Салах, а дури и Роналдо изјави дека се надева дека Салах ќе дојде во Јувентус.

Според The Express, челниците на Ливерпул изјавиле дека се убедени во тоа дека ќе го задржат својот најдобар играч и сите понуди за него ќе бидат одбиени.

Салах во 86 настапи за Ливерпул постигна 64 погодоци. Исто така, неодамна потпиша нов договор, со кој се врзува за Ливерпул до 2023. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…