Дома Фудбал Англија Ливерпул подготвува две сензационални БОМБИ: Еве кој пристигнува во редовите на „Црвените“

Ливерпул подготвува две сензационални БОМБИ: Еве кој пристигнува во редовите на „Црвените“

Екипата на Ливерпул ги започна преговорите за два навистина спектакуларни трансфери.

Добро информираната француска радио станица, РМЦ, која во оваа земја е веродостоен извор за трансфери, па така тврди дека тимот од „Енфилд“ги почнал преговорите со Набило Фекир од Лион и Осман Дембеле од Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


РМЦ наведува дека Лион прифатил да го продаде својот фудбалер за 70 милиони евра, плус бонуси, а дека голема улога во преговорите помеѓу двата тима одиграл некогашниот тренер на Црвените, Џерард Хулиер, сега советник во францускиот состав.

Покрај парите и бонусите, во пакет на „Енфилд“ ќе ористигне и помладиот брат Фекир, 21-годишниот Јасин, кој неодамна се приклучи на првиот тим на Лион.

Фекир со „Црвените“ како што се наведува договорил петтгодишен договор, иако претседателот на Лион, Јан Мишел Олас, тврди дека денес не разговарал со луѓето од Ливерпул.

РМЦ исто така наведува дека Ливерпул тргнал и по доведување на младата ѕвезда на Барселона, Осман Дембеле.

Менаџерот на „Црвените“, Јирген Клоп е голем фан на 20-годишниот Французин кој не се наигра во првата сезона во дресот на каталонскиот великан, што во тимот на Ливерпул се обидуваат да го искористат за да го донесат во своите редови.

Не е позната цифрата која англискиот тим ја нуди за францускиот фудбалер, но фактот да донесат офанзивец во своите редови може да значи дека се подготвуваат и големи заминувања.

Останува само да почекаме и да видиме што ќе се случи на крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…