Ливерпул во 35-тото коло од Премиер лигата го совлада Кардиф на гостински терен со 0:2 и така одново го превзема врвот на табелата.
Влезе Ливерпул добро во денешниот натпревар во првото полувреме можеа да ја завршат работата, но Фирмино и Салах промашија зицери.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во тие моменти навивачите на Ливерпул сигурно стравуваа. На полувреме се замина без голови, за во продолжение „црвените“ да го скршат отпорот на незгодниот протвник.
Во 57-та минута Ливерпул стигна до предност. Арнолд изведе одличен корнер, а одличен гол постигна Ванијалдум за водство од 0:1.
Имаа гостите шанса потоа да го решат натпреварот, но промашија неколку добри ситуации. Малку недостасуваше тие промашувања да бидат казнети, но Сен Морисон промаши празен гол од непосредна близина во 65-тат минута од натпреварот.
Токму Морисон беше виновникот за вториот гол на Ливерпул. Тој натправи пенал после кој Милнер го реши прашањето на победникот.
Сега Ливерпул повторно е лидер со два бода предност во однос на Манчестер Сити, но како што е познато „граѓаните“ имаат натпревар помалку.
Во вториот натпревар кој се одигра во денешниот термин Арсенал пропушти прилика да ја превземе третата позиција бидејќи загуби дома од Кристал Палас со 2:3.