Дома Фудбал Англија Ливерпул НЕ преговара со Ван Дајк за нов договор!

Ливерпул НЕ преговара со Ван Дајк за нов договор!

Информациите дека Ливерпул му понудил нов договор на дефанзивецот Вирџил ван Дајк не одговараат со вистината, потвдија избори блиски до клубот за англиските медиуми.

Вчера „Мирор“ излезе со информација дека двете страни се блиску до договор и дека Ван Дајк наскоро ќе стави потпис на нов договор според кој ќе заработува 200.000 фунти неделно.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа, ведникот „Ливерпул Ехо“ категорично ги демантираше таквите тврдења и открива дека и самиот Ван Дајк бил изненаден од ваквите информации.

Ван Дајк има договр со клубот до 2023 година, а во него дури има клаузула за продолжување на додатни 12 месеци.

Холанѓанецот минатата година во јануари стигна на „Енфилд“ за неверојатни 75 милиони фунти од Саутемптон и потпиша договор на пет години.

Токму Ван Дајк е најзаслужен што Ливерпул од тим со слаба одбрана, стана еден од најдобрите тимови во Англија во дефанзивата. Исто така е еден од најзаслужните што Ливерпул минатата сезона триумфира во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…