Почна новата сезона во Премиер лигата, а Ливерпул уште во првиот натпревар покажа дека ќе биде еден од главните кандидати за титулата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Ливерпул малку му недостасуваше минатата година да стане шампион на Англија, но сепак Сити освои еден бод повеќе.
Оваа сезона „црвените“ одново го напаѓаат врвот и нов поход кон титулата најавија со победата над Норвич од 4:1.
До водство стигнаа уште во седмата минута кога Ханлеј после нафрлувањето на Ориги ја погоди сопствената мрежа. Во 19-тата минута Салах погодува за 2:0.
Осум минути подоцна Египќанецот беше асистент. Изведе корнер и Ван Дајк се најде на вистинското место и со глава ја погоди мрежата. Ориги во 42-та минута го постигна четвртиот гол за Ливерпул.
Во второто полувреме видовме еден гол и тоа во мрежата Адриан, стрелец беше Пуки. Треба да споменеме дека во првиот дел Алисон Бекер се повреди, па новиот голман Адриан доби шанса уште во првото коло.