И понатаму е најесно дали Мохамед Салах ќе го продолжи договорот со Ливерпул, па на „Енфилд“ веќе размислуваат за негова замена.
Според информациите од Шпанија, Осман Дембеле ќе биде примарна цел на Ливерпул во летниот преоден рок, особено поради фактот што Французинот може да пристигне како слободен играч.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Дембеле одбива да го продолжи договорот со Барселона и негова најголема желба е да заигра во Премиер лигата, каде интерес за него покажуваат неколку клубови.
Меѓутоа, Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и да му понуди најдобри финансиски услуги.
Дембеле е профил на играч кој се вклопува во концептот на Ливерпул, па Клоп ќе се обиде да го донесе независно дали Салах ќе остане на „Енфилд“.