Дома Топ вести Ливерпул му нуди работа на тројца од семејството Белингам, за да ја добие битката за потписот

Ливерпул му нуди работа на тројца од семејството Белингам, за да ја добие битката за потписот

Еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот  на лето секако ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул за да ја добие битката за неговиот потпис, покрај богата понуда, планира да му понуди работа на уште двајца членови од неговото семејство.

Во последно време се тврди дека Реал Мадрид е во пол-позиција за Белингам, но сега „Билд“ го откри планот на Ливерпул.

„Црвените“ сакаат да го доведат и неговиот помал брат Џоб Белингам, кој во моментив игра во Бирмингем. Притоа, на нивниот татко Марк му нудат работа како скаут на „Енфилд“.

Сето ова може да го направи Ливерпул фаворит за потписот на Џуд Белингам, бидејќи семејството преферира да се пресели во тој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…