Дома Фудбал Ливерпул конечно најде нов голман

Ливерпул конечно најде нов голман

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не е задоволен од настапите на Симон Мињоле, па сака да донесе нов чувар на мрежата за наредната сезона.

Како што пренесуваат англиските медиуми „црвените“ ќе тргнат по потписот на Џек Бутланд. 24-годишниот голман на Стоук веќе подолго време важи за еден од најдобрите во Премиер лигата.

Медиумите на Островот тврдат дека од следното лето Бутланд би можел да се пресели на „Енфилд“ бидејќи е прв избор на „црвените“.

Бутланд е член на Стоук од 2013 година, но во пет години настапи само на 72 натпревари поради големиот број на повреди.

Интерес за Бутланд покажа и Челзи, но тој преферира преселба на „Енфилд“ каде што ќе биде прв голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Му даде гол на Јунајтед, а навива за него: Рајан ја откри врската со „Олд Трафорд“

Напаѓачот на Борнмут откри дека поради Кристијано Роналдо станал навивач на Манчестер јуна…