Дома Трансфер зона Ливерпул и ПСЖ ја сакаат младата ѕвезда на Дортмунд

Ливерпул и ПСЖ ја сакаат младата ѕвезда на Дортмунд

Германскиот весник „Билд“ тврди дека Ливерпул и Пари Сент Жермен се силно заинтересирани за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Кристиан Пулишиќ.

18-годишниот американски репрезентативец со корени од Балканот игра феноменално оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски клубови, пред се на Јирген Клоп и Унаи Емери.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортскиот директор на „милионерите“, Михаел Цорк во изјава за „Билд“ го потврди инересот од страна на ПСЖ и Ливерпул, но истакна дека Пулишиќ не е на продажба.

Двата клуба се спремни да понудат 25 милиони евра за Пулишиќ во јануари, бидејќи имаат потреба од крилен фудбалер, но Борусија нема намера да се откажува од својата нова ѕвезда.

Пулишиќ оваа сезона одигра 12 натпревари за „милионерите“, постигна два гола и забележа дури 6 асистенции. Неговиот договор со Борусија Дортмунд истекува во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …