Дома Трансфер зона Ливерпул и Милан ја сакаат ѕвездата на ПСВ

Ливерпул и Милан ја сакаат ѕвездата на ПСВ

Европските гиганти Ливерпул и Милан покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на ПСВДонјел Мален.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 22 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона за ПСВ и има постигнато 13 гола. Притоа веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација.

Мален се промовираше во еден од најдобрите холандски таленти и на лето сигурно ќе направи трансфер во поголем клуб.

Неговиот агент Мино Раиола веќе имал контакти со Ливерпул и Милан, кои сакаат да го донесат во своите редови.

Напаѓачот во договорот со ПСВ има откупна клаузула од 50 милиони евра, но холандскиот клуб е спремен да го пушти за 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…