Ливерпул е силно заинтересиран за ѕвездат на Фулам, Жоао Палиња, пренесуваат англиските медиуми.
Клоп сака да го засили средниот ред со квалитетен играч за врска, а прва желба е Џуд Белигам од Борусија Дортмунд.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Англичанецот е премногу скап, па Ливерпул ќе се насочи кон Палиња од Фулам. Меѓутоа, ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за него се заинтересирани готово сите големи клубови од Премиер лигата.
Сепак, медиумите на Островот пренесуваат дека главната битка за потписот на Палиња на лето ќе ја водат Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Фулам минатото лето го купи Палиња од Спортинг Лисабон за 20 милиони фунти, но после одличната сезона неговата цена порасна намалку двојно.