Ливерпул и Манчестер Јунајтед влегуваат во трка за потписот на ѕвездата на Лидс, Калвин Филипс.
Келивин Филипс игра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на Европското првенство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед сака да го засили средниот ред бидејќи Погба најверојатно ќе си оди на крајот на сезоната.
Од друга страна и Јирген Клоп сака да го засили средниот ред и верува дека Филипс идеално ќе се вклопи во неговиот стил.
Лидс за слободата на својата ѕвезда бара 50 милиони фунти, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.