Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и се очекува голема битка за неговиот потпис.
Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода ќе бара најмалку 120 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Информациите од Островот тврдат дека Ливерпул е првиот клуб кој испратил официјална понуда за Белингам.
Се претпоставува дека таа изнесува околу 100 милиони евра, па најверојатно Ливерпул сега само го испитува „пулсот“ на Борусија Дортмунд.
Белингам се уште нема донесено конечна одлука за својата иднина, а доколку не стави потпис на нов договор Борусија е спремна да го продаде.
🚨 Liverpool have sent an offer for Jude Bellingham to Borussia Dortmund.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 11, 2023
(Source: @JanAageFjortoft) pic.twitter.com/KJ2jA8we9y