Tимот на Ливерпул официјално објави дека во новата сезона, дресот со број девет ќе го носи Уругваецот, Дарвин Нуњез.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нуњез пристигна во Ливерпул минатото лето за 100 милиони фунти, плус бонуси, но во негвата дебитантска сезона постигна само 15 гола и подели четири асистенции. Навивачите не беа задоволни од таквиот учинок и очекуваа повеќе.
„Деветката“ беше на грбот на Роберто Фирмино, па откако Бразилецот си замина, Нуњез се одлучи да ја побара и доби дозвола да биде новата „деветка“ во тимот на Клоп.
🆕9️⃣ pic.twitter.com/xkQGEYC1da
— Liverpool FC (@LFC) July 13, 2023