Дома Топ вести Ливерпул започна преговори со Борисија Дортмунд за Санчо

Ливерпул започна преговори со Борисија Дортмунд за Санчо

Ливерпул официјално стапил во контакт со Борусија Дортмунд за да го информира германскиот клуб за инетресот кон Џејдон Санчо, пренесува „Дејли Мејл“.

Санчо во германскиот клуб пристигна во 2017 година од Манчестер Сити и блесна во дресот на „милионерите“. Овој 19-годишен офанзивен фудбалер воодушеви со своите настапи и се најде на мета на многу европски гиганти.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Оваа сезона Англичанецот одигра 29 меча за Дортмунд на кои постигна 15 гола и запиша 17 асистенции. Тој има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.

Вчера се појавија информации дека Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис, но Ливерпул е сериозен кандидат за потписот на Санчо и веќе го направи првиот конкрентен чекор.

Клубот од „Енфилд“ потпиша рекорден договор со „Најк“ и ќе има голем буџет за летни трансфери, па е спремен да плати 100 милиони евра за потписот на Санчо.

Сепак, Ливерпул ќе има жестока конкуренција, бидејќи интерес за Санчо покажуваат уште Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Леверкузен

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренес…