„Црвените“ сега сакаат да го вратат играчот кој не доби вистинска шанса додека беше на „Енфилд“.
Како што пренесува денешното издание на „Марко“ Ливерпул ова лето ќе се обиде во своите редови да го врати фудбалерот кој прикажува одлични настапи во дресот на Милан, Сусо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сусо во Ливерпул пристигна како тинејџер од Кадиз, помина две години во младинскиот погон, дојде до првиот тим, но не се наигра.
Една сезона помина на позајмица во Алмерија, таму остави одличен впечаток, но неговиот статус во Ливерпул по враќањето на Островот не се промени.
На почетокот на 2015 година направи трансфер во Милан, а оваа и минатата сезона е еден од најдобрите играчи на „росонерите“. Награден беше со нов договор и доби повик во репрезентацијата на Шпанија.
Доколку Сусо сака да се врати во Ливерпул и „црвените“ бидат спремни да платат 40 милиони не би имало никакви проблеми со оглед на тоа дека толку изнесува откупната клазула во договорот на Шпанецот.