Дома Трансфер зона Ливерпул го сака синот на Турам

Ливерпул го сака синот на Турам

Ливерпул покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кефрен е син на легендарниот француски дефанзивец Лилијан Турам и брат на напаѓачот на Борусија Мехенгладбах, Маркос Турам.

22-годишниот играч за врска игра фантастична сезона во дресот на Ница и важи за еден од најголемите француски таленти.

Познато е дека Ливерпул е во потрага по квалитетни играчи за врска, а Клоп во Турам гледа одлично засилување.

Меѓутоа, конкуренцијата за неговиот потпис е голема, а францускиот клуб нема лесно да се откаже од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…