Дома Фудбал Ливерпул го сакал Сократис, но…

Ливерпул го сакал Сократис, но…

Еден човек од раководството на Ливерпул му се јавил на Сократис Папастатопулос откако дефанзивецот го раскина договорот со Арсенал минатата недела.

Англиските медиуми пренесуваат дека од „Енфилд“ сакале да проверат каква е ситуацијата со грчкиот дефанзивец и не стигнала ситуацијата до официјална понуда.

Сократис одлично се познава со менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп со кого соработуваше во Борусија Дортмунд. Ливерпул има големи проблеми во одбраната и сакале да го донесат Сократис само до крајот на сезоната.

Сепак, грчкиот дефанзивец не сакал да се пресели на „Енфилд“ само за шест месеци бидејќи имал и други понуди. На крајот реши да се врати во татковината и потпиша за Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две мајстории за будење на Јувентус: Алајбеговиќ и Бога го урнаа Наполи!

Јувентус славеше со 2-0 во дербито со Наполи, а победата ја донесоа два прекрасни удари од…