Дома Фудбал Англија Ливерпул го претстави засилувањето од Челси: Дали е ова уште една грешка на „Плавите“? (Видео)

Ливерпул го претстави засилувањето од Челси: Дали е ова уште една грешка на „Плавите“? (Видео)

Ливерпул има нов напаѓач. Во прашање е Доминик Соланке кој пристигнува од Челси.

Тој е слободен играч, но „Црвените“ ќе мораат да платат обештета поради законот во Англија кој вели дека на секој клуб му е загарантирана надокнада ако изгуби играч кој се изградил во тие редовите и на кому му е истечен договорот. Се споменуваше цигра и до 10 милиони евра, која ќе легне на сметката на Челси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Соланке ја мина школата на Челси, но шанса на големата сцена ќе ја добие во дресот на Ливерпул. Потполно го привлече вниманието кон себе по неодамна завршениот Мундијалит, на кој со четири постигнати погодоци беше најдобар играч на турнирот.

Соланке од Челси бараше договор тежок 50.000 фунти неделно, но не го доби. Затоа одлучи да премине во Ливерпул кој пак, беше заинтересиран за неговите услуги, иако во игра беше и Селтик.

„Се чувствувам неверојатно тука. Сите прават да се чувствувам како дома. Се надевам дека ќе пишувам историја тука“, истакна Соланке во рамки на претставувањето на „Енфилд“.

Она што почнува да прави сомнеж кај другите е тоа дали Челси ќе направи повторни привид со овој трансфер, како со оној на Лукакукој и официјално премина во редовите на Јунајтед за 75 милиони фунти плус 15 милиони фунти на сметка на бонуси, и на сето тоа уште и 10 милиони колку е пресметана вредноста на Вејн Руни.

Лукаку, инаку од Челси во Евертон замина за 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…