Дома Фудбал Англија Ливерпул го победи Јунајтед 7:0, па денес изгуби од тимот кој го победи 9:0

Ливерпул го победи Јунајтед 7:0, па денес изгуби од тимот кој го победи 9:0

Вистински шок доживера Ливерпул и тоа по победата против Манчестер Јунајтед од 7:0. Денес во рамките од 27-то коло избраниците на Јирген Клоп беа поразени од Бормут.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да биде ситуацијата уште поинтересна, Ливерпул по историската победа против Јунајтеди изгуби од тимот кој во првиот дел од сезоната го победи со неверојатни 9:0. Трагичар за „црвените“ од денешната средба ќе биде Мохамед Салах кој во второто полувреме не реализираше пенал.

Моментот на одлука се случи во 28-та минута кога Билинг го искористи додавањето од Куатра кој претходно одлично истрча по добиената долга топка.

Ливерпул на табелата е петти со 42 бода, но Њукасл кој има бод помалку зад нив има и два натпревари помалку, додека Бормут од последното место скокна на 16-тата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…